Груевски во Могила објави дека е уапсен кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ во Кавадарци

Лидерот на опозицијата вечерва во Могила на изборен митинг на коалицијата „За подобра Македонија“ објави дека полицијата го привела нивниот кандидат за градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев.

„Поминаа триесетина дена откако кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци беше застанат од полиција и му беше вперено оружје и беше малтретиран. Нема никаква одговорност, ниту дисциплинска постапка. Веќе еден час повторно вечерва го држат во полициска станица. Тоа е СДСМ и нивното спроведување избори“, изјавил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во Могила.