Дали бегалците ќе ги скараат членките на ЕУ!

Жолчна дискусија се очекува на денешниот состанок на врвот на ЕУ околу миграциската политика која, во пресрет на самитот беше „наелектризираа“ од одредени ставови на претседателот на ЕУ-Советот, Доналд Туск.

Во поканата до учесниците, тој договорените обврсувачките квоти за прием на бегалци, нивно преземање од Италија и од Грција и распределба во другите членки на ЕУ, ги нарече „неефикасни“ и кои создаваат поделба во Унијата, пренесува „Дојче веле“.

„Или ќе најдеме европско решение за предизвикот кој што го претставува миграцијата или нема да има никакво решение, секоја одделна членка треба да го даде својот придонес“, му реплицирал од говорницата на Европскиот парламент, Франс Тимерманс, потпретседател на Европската комисија.

Токму ЕК неодамна покрена постапка против Унгарија, Полска и Чешка земји кои се противат да ги почитуваат квотите, односно не сакаат да преземат бегалци кои најмногу ги има во камповите во Грција и Италија, со објаснување дека тие би преставувале закана за демографијата, културата и религијата в тие општества.

Во пресрет на денешниот самит, остра критика на адреса на Туск стигна од Грција, јавува „Дојче веле“.

„Ставовите на Туск за прашањето за бегалците се „без план, непромислени“, коментирал грчкиот премиер Алексис Ципрас во Атина според кој „Грција во секој случај нема да се согласи за никое решение кое не предвидува рамноправна распределба на товарот“ (од бегалската криза –н.з.).