Новата генерација на кучето „Spot Mini“ роботот на Бостон Дајнамикс изгледа доста страшно, иако е многу понапредно од претходниот модел кој беше воведен минатата година.

Нозете и телото на „Spot Mini“ се прекриени со жолти плочки. Со своите флексибилни движења, роботот изгледа навистина течно и добро. Бостон Дајнамикс покажа голем напредок во развојот на карактеристиките на роботот, бидејќи првиот „Spot Mini“ од 2016 година не покажа особена способност да ги извршува задачите и да го слуша сопственикот.

„Sport Mini“ е тежок 25 килограми. Се потпира целосно на електрична енергија, и може да работи 90 минути со едно полнење. Ова е еден од роботите кој има голем број напредни сензори за движење и манипулирање со објекти во вселената. Од Бостон Дајнамикс велат дека Spot Mini доаѓа наскоро, но се уште не е јасно дали овој робот ќе се најде во слободна продажба.