Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е свети маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија.

Четирите христоподобни души беа приведени од римските власти за време на прогоните на императорот Адријан, во првата половина на вториот век по Христа.
Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жртви пред празниот идол на Артемида, Вера, Надеж и Љубов беа ставени на маки пред очите на нивната мајка и најпосле им беа отсечени главите.
Софија ги зеде и ги закопа телата на своите три ќерки и откако помина три дена и ноќи во молитва над нивниот гроб, го предаде својот дух на Бога.

Исто така, како имињата на девојчињата, Љубов, Вера и Нада, станаа симбол на секој христијанин, народот смета дека на 30 септември треба да се воздржите од секакви зли мисли и да се посветите на љубовта кон ближните.
На овој ден именден празнуваат: Софија, Софка, Вера, Верица, Нада, Надежда, Натка, Љуба,Љубица, Љубе, Љупчо, Љубен, Љубомир, Љубосав, Људмил…