Најпознатиот левичар во земјава го шокира пратеникот Павле Богоевски во дебатата на Телма со информација дека имал просек десет на студиите, а сето како одговор на тезата на „тепаниот“ дека на работа бил примен во 2011 година и дека тоа било во времето на владеење на ВМРО ДПМНЕ.
Аспасиев го „сотре“ и вториот соговорник Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит со забелешката дека го „насанкале“ неговите и дека ќе го остават сега сам да лежи, но дека за сатисфакција ќе можел да се чувствува како револуционер.
Бистро нема што, и во двата случаја.
Димитар Апасиев (1983, Велес) е доктор на правни науки. Тој е долгогодишен активист на Движењето за социјална правда „Ленка“. Работи како доцент на Правниот факултет при Државниот универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, на Катедрата за граѓанско право. Предава Римско право, Судскa реторика и Филозофија на правото.