Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорчевска која од денеска е 171. на ВТА листата ја доби Холанѓанката Куирине Лемон за противничка во првото квалификациско коло на Ролан Гарос.
Лина до сега не се сретнала со Лемон која е 11 места пред неа на Светската тениска листа и според обложувалниците е мал фаворит, но и тетовката, не е без шанси како што јавува порталот mkd.mk.
Квалификациите на Отвореното првенство на Франција започнуваат утре, претпоставуваат три круга по кој се доаѓа до првото коло од официјалната програма, а за нас наинтересниот меч е в среда претпладне.

Ова за Ѓорчевска е трет обид да стаса со Гренд Слем меч, по САД и Австралија Опен каде во јануари мина две рунди.