„Егеј ерлајнс“ ќе лета од Атина до Скопје

Грчки авуиопревозник најави враќање на македонските аеродроми.

Најголемиот грчки оператор „Егеј ерлајнс“ следниот јуни ќе воспостави летови меѓу Атина и Скопје продолжувајќи ги услугите помеѓу двата главни градови по застој од повеќе од една деценија.

Извршниот потпретседател на компанијата, Ефтихиос Василакис, вчера ја претстави новата линија како дел од плановите за проширување на летната понуда „Егеј 2018“  што опфаќа осумнаесет нови дестинации, вклучувајќи ги Загреб и Задар.

Се очекува набрзо, грчкиот авио-превозник да ги понуди авио-билетите на пунктот отворен во Скопје.

Македонскиот главен град беше првата меѓународна дестинација на „Егеј ерлајнс“ уште во 2003 година, меѓутоа, летовите беа прекинати поради влошените, како што известуваат од компанијата,  односи меѓу Македонија и Грција.