Европската ракометна федерација ја исфрли селекцијата на Грција од Европското првенство за млади ракометарки, до 17 години што се одржува во Скопје. Потсетуваме гостинчињата вчера беа повлечени од нивната делегација по само половина минута игра поради опремата на нашиот стручен штаб на која пишувало Македонија.

Освен принудното заминување од младинскиот шампионат Грците ќе треба да платат и 25 илјади евра.