Заев прифаќа меѓународна истрага за „Диво Насеље“

Македонскиот премиер Зоран Заев изрази подготвеност на Владата да се покрене меѓународна истрага што би го расчистила случајот „Диво Насеље“, во кој скопскиот Кривичен суд им изрече драконски казни за тероризам на членовите на т.н. кумановска група.

„Досега сме имале само информирање на претставници од меѓународната заедница и разговори со кои би било овозможено да се отвори меѓународна истрага. Ние не сакаме да има дилеми за неразјаснети работи од интерес за граѓаните. Овој случај и тоа како е од интерес на граѓаните на Македонија. Веруваме дека ќе најдеме начин со меѓународната заедница како да се отвори меѓународна истрага за овој случај“, изјави Заев.