Заминува и вториот Кастро од челото на Куба

Кубанскиот претседател Раул Кастро ќе поднесе оставка од функцијата во април 2018 година, веднаш по изборите истиот месец на кој ќе се избере неговиот наследник.

Кастро(86) веќе се изјасни дека нема намера да продолжи да ја извршува функцијата која ја доби официјално  од неговиот брат Фидел Кастро во 2006 односно 2008 година, кога беше избран за претседател со нсоветот на министри.

Изборите првично беа закажани за почетокот на февруари, но поради справувањето со последиците од последниот ураган се презакажани за 19 април.

Се претпоставува дека за негов наследник ќе биде избран Мигел Дијаз-Канел(57) сегашен втор човек во владата.

Раул Кастро ќе ја предаде функцијта веднаш по гласањето, јави АФП.