За бугарите договорот со Македонија е од интерес на САД

Дури 84 насто од анкетираните граѓани од страна на бугарскиот портал епицентар.бг сметаат дека договорот за добрососедство потпишан меѓу Македонија и Бугарија е од исклучив интерес на САД.

На прашањето каков е вашиот став за договорот меѓу Бугарија и Македонија 7 % од граѓаните сметаат дека договорот ќе заштитува позиците на Бугарија.

Уште 9 % од граѓаните во анкетата на интернет која што е сеуште активна мислат дека договорот нема да ги реши постоечките проблеми меѓу двете земји.

Ниту еден од испитаниците не мисли дека договорот ги заштитува позициите на Република Македонија или дека договорот е од интерес за Русија.