„Гаранција давам јас лично Зоре Темелковски под морална и кривична одговорност ако не биде стартиран Фени  во рок од 50 дена јас лично ќе се фрлам од  највисокиот спрат“, вели  Зоре Темелковски – претставник на „Минстрој“, бугарска фирма која е подготвена да плати 100 милиони евра за да го купи и рестартира „Фени“.

Минатата есен уште една бугарска компанија „Енекод“ беше заинтересирана за овој кавадаречки комбинат, но понудата беше отфрлена.

Претседателот на македонско-бугарската комора и претставник на „Минстрој“, Зоре Темелковски, вели дека некој сака да ја оцрни оваа фирма која веќе ги има рудниците Злетово и Тораница, пренесе 24 вести.

Бугарската компанија понудила целосна исплата на сите долгови на Фени и дополнителни 30 милиони евра за инвестиција во печките.

Според Темелковски, банките првично ја прифатиле понудата, „Минстрој“ веднаш да плати нешто над девет милиони евра, а останатите 30 да ги платат на 12 еднакви рати, веднаш по потпишувањето на договорот.

Но, наместо договор, банките почнаа да одолговлекуваат, вели Темелковски.