Извозот од слободните зони во 2017 година надмина две милијарди евра

Дирекција за технолошки индустриски развојни зони (ТИДЗ) се пофали дека извозот на компаниите од зоните во Македонија минатата година ја надминал границата од две милијарди евра.

„Во 2017 година вкупната вредност на извозот од компаниите во слободните зони надмина две милијарди евра – зголемување од 29,2 проценти споредено со извозот остварен во 2016 година. Стабилизирањето на условите за бизнис и на политичката клима се очекува да резултира со понатамошен економски раст во 2018 година“, се вели во пораката на „Твитер“.