Референдумот што се одржа во општина Богданци покажа дека жителите на овој дел од Македонија не сакаат изградба на рудникот Казандол. Според неофицијални информации на референфумот излегле 61 насто (4205) од жителите на Богданци, а повеќе од 95 насто биле против. За да успее референдумот требаше на гласањето да излезат 50 насто плус еден од гласачите запишани во избирачкиот список.

Следната недела ист референдум ќе има и во Дојран, по што ќе гласаат и жителите на Валандово, но по успехот на граѓанската инцијатива во Гевгелија и во Богданци, се поизвесно е дека на планината Кожуф во скоро време нема да се отвораат рудници за кои, општинските власти тврдеа дека ќе донесат вработувања и бенефиции за жителите на тој крај од Македонија.