Концертот наречен “Една љубов за Манчестер” кој ќе се одржи денеска ги собира на едно место најпознатите музички ѕвезди на денешницата. На хуманитарниот хепенинг кој е на идеја на Адријана Гранде и кој ќе собере средства за настраданите на нејзиниот концерт од пред десетина дена кога во терористички напада загинаа 22 лица, всушност е забава со еминентни имиња како Кејти Пери, Џастин Бибер, Ашер, Мајли Сајрус, Фарел Вилијамс, како и групите Колдплеј, Тејк Дет и Литл Микс.


Последен на овој список на големи ѕвезди се приклучи Роби Вилијамс, но и пред неговата потврда билетите пламнаа, па беа продадени за рекорно време од само 6 минути. Средствата собрани од концертот се наменети на семејствата на трагично починатите на концертот, што се случи на 22. мај во Манчестер на концертот на Адријана Гранде.

Концертот ќе биде пренесуван во живо на BBC каналот.