Познатиот актер Џорџ Клуни (56) се појави на премиерата на неговиот нов филм “Suburbicon” на филмскиот фестивал во Торонто. Многумина забележале дека новопечениот татко на близнаците Ела и Александар е видливо ослабен и дека има големи подочници.

„Децата се одлично, не плачат многу и јас плачам повеќе од нив. Плачам најмалку четири пати на ден од замор“ изјави актерот.

Оскаровецот истакна колку и се восхитува на неговата сопруга Амал (39) која бдее над близнаците цело време.


„Знаев што ме очекува и каков ќе биде мојот живот. Сите мои пријатели имаат деца, а сум бил кум најмалку 20 пати. Она на што не бев подготвен беше грижата за близнаци. Тоа е двојна работа иако во моментов немам големо значење за нив и се што сакаат сега е храна. Јас всушност и немам што да ги дадам освен шишето со млеко. Амал е најважна за нив. Толку многу и се восхитувам, бидејќи се труди да ги дои, а со самото тоа спие многу малку, но љубовта што ја чувствуваат спрема неа е нешто непроценливо“ изјави Клуни

За малата Ела вели дека е „софистицирана на мајка и“, а за Александар вели дека само јаде и прави врева.