Кога Албанците се допишуваат на македонски јазик

Дел од медиумите на албански јазик реагираат на тоа што ректорот на универзитетот „Мајка Тереза“, Азис Положани испраќа писма до општина Струга на македонски јазик.

– Дека албанскиот јазик не го почитуваат самите Албанци, шефовите на државните институции ,најдобро е потврдено со писмо од Универзитетот “Мајка Тереза” во Скопје, во кое ректорот Азис Положани бара можност за изведување презентација во училиштата на општина Струга, пишуваат медиумите кои се чудат зошто писмото е на македонски, кога и ректорот и градоначалникот се Албанци.