Кога Американци ќе ја викнат „Што имала к’смет Стамена“ (ВИДЕО)

Извонредна изведба на македонската народна песна „Што имала к’смет Стамена“ од хорот „Речни свирачи“ во локалната црква во гратчето Графтон во американската сојузна држава Вермонт.

Хорот од 90 гласови, кој го основала и го предводи Мери Кеј Брас, која минала 2,5 години во поранешна Југославија со етномузиколошка стипендија на Фулбрајт, на репертоарот постојано има балкански песни.

Хорот основан во селото Сакстон Ривер претежно изведува песни од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Оваа изведба на македонската песна е од 2010 година.