Македонската кошаркарска федерација попладнево под притисок на финалистите во домашното разигрување за титулата донесе одлука за ангажирање на турска судиска тројка која ќе го арбитрира петтиот решавачки меч во кој се влегува со резултат 2-2. Одлуката според повеќемина се коси со делови од статутот на МКФ, ги навредува македонските судии и е признание на раководството дека во еден сегмент ние сме некомплетни и во недостаток на квалитетен кадар.
Претседателот Петар Наумовски објасни дека ова се прави со цел заштита на македонските судии, што е проблематично, бидејќи тие се елиминирани од кулминацијата на кошаркарската сезона.
Мајсторката од плеј офот е утре (18.00) во Јане Сандански, а во неа МЗТ Скопје му е домаќин на Карпош Соколи.