Конгресменот што тврдеше дека Македонија не е држава бара САД да го поддржи ИСИС против Иран

 

Американскиот конгресемен Дана Рорабахер кој што пред неколку месеци за медиум од Албанија тврдеше дека Македонија не е држава сега ја скандализира и американската јавност со својот коментар за терористичкиот напад во Техеран.

„Неодамна видовме напад на Иран, на нивната влада и на муслиманските верски лидери. Јас верувам дека нив ги нападнаа сунитските сили“, вели Рорабахер според кого по нападот САД треба да прекине обврските кон Иран.

„Нели е добра работа за нас конечно САД да ги поддржи сунитите кои што ќе ги нападнат Хелболах и шиитската закана за нас, нели е тоа добро за нас. Ако е така можеби стратегијата на Трамп треба да биде всушност поддршка на битката на една група против нивните противници“, прашал Рорабахер на јавен настап по што американските медиуми го обвинија дека тој сака да влезе во соработка со ИСИС.