„Коридорот 8“ треба да ги поврзе сите Бугари

Милен Врабевски, претседател на Фондацијата „Бугарска памет“, смета дека Коридорот кој треба да ги спојува Јадранското со Црното Море треба да се продолжи на север, кон Република Молдова и Украина, каде што живеат голем број Бугари.

„Коридорот Исток-запад, освен директните економските придобивки, треба да доведе и до поврзување на дијаспората…На овој начин ние покажуваме повторно грижа и за сопствената дијаспора, за нашите браќа и сестри надвор од границите на Бугарија, како и за европската интеграција во вистинска нејзината смисла“ – вели Врабевски.

Деновиве фондацијата „Бугарска памет“ ги награди победниците на конкурсот на тема „Перспективите на Коридорот 8“, на кој учествувале 35 ученици од Струмица.

Додека политичарите бараат начини како да ги зближат Бугарија и Република Македонија, децата предложиле многу интересни идеи, рече тој.