Кој дипломат ги понижи Оливер Спасовски и Петре Шилегов?

И покрај забраната за користење моторни возила на Водно дипломатско возило деновиве е забележано на патот по кој треба да се движат само пешаци.

Еден од оние што директно ја крши забраната која ја воведе градоначалникот на Скопје Петре Шилегов а ја спроведува МВР на чело со Оливер Спасовски е дипломат на странска амбасада кој среде бел ден вози на Водно.

МВР засега молчи за идентитетот на дипломатот кој заштитен со Виенската конвенција мисли дека за него не треба да важат македонските закони.

Секоја информација за возилото со кое не се почитуваат правилата е добредојдена за МВР иако ако сака полицијата врз основа на регистрацијата веднаш може да го најде дипломатот.

Извор и Фото: Јанко Илковски ФБ профил