Кој е уапсениот функционер во МВР?

Уапсениот функционер на МВР кој попладнево е уапсен за поткуп е висок претставник и на СДСМ кој во министерството влегол во 2015 кога Оливер Спасовски беше технички министер.

Тогаш дел од медиумите објавија дека лицето Д.С. бил поставен за член во неколку комисии во МВР како и за генерален советник за полициски и криминалистички работи.

Д. С. во септември 2016 година од министерот Спасовски е назначен за началник на Секторот за прикриени операции во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Централните  полициски служби во Бирото за јавна безбедност.

Уапсениот е на фотографијата со повеќе функционери на МВР и СДСМ што Спасовски ја објавил на својот Фејсбук профил.