Живееме во ера во која главната тема е изборот на пребарувачи, антивирусни и оперативни системи, и нивната безбедност. А сите популарни веб прелистувачи во меѓувреме се обидуваат да се носат со новите побарувања на корисниците и ос опасностите од дигиталниот криминал.

Повеќе или помалку секој знае дека пребарувачот Google Chrome е присутен кај повеќе од педесет проценти од корисниците. Ако се обидеме да го ставиме сето ова во значајна целина, едноставно ќе мораме да се справиме со трите најпопуларни: Chrome (59,61 процентен удел на пазарот); Internet Explorer (14,18 проценти од уделот) и Firefox (12,85 отсто од пазарот).

Chrome е најпопуларниот прелистувач во светот со причина. Се работи за софтвер на Гугл каде на безбедноста се гледа многу сериозно, а резултатите се видливи. Проблемот со Chrome доаѓа од Google, компанијата која прави пари преку продажба на вашите податоци на маркетинг компании. Добрата работа е дека Chrome е фантастично стабилен и сигурен прелистувач.

Многумина не веруваат, па и се шегуваат, но Internet Explorer во 2017 година зафаќа повеќе од 14 проценти од пазарот, што е неверојатно ако се знае дека има далеку послаби перформанси.