Кој министер „се журка“ на стихот: „Волиш ли ме кад около се ку.вам“

Уште не стивнаа реакциите за сликите на кои се гледа дека јавната обвинителка Фатиме Фетаи се забавува во диско а член на владата се соочи со нови критики откако беше снимен на видео како се забавува со свои пријатели во ноќен клуб во Скопје.

Од видеото објавено од порталот засе.мк се гледа како министерот за земјоделие Љупчо Николовски се забавува на песната „Волиш ли ме“ на српскиот пејач Аца Лукас.

На министерот Николовски во случајов не може никој да му забележи за тоа што се забавува па дури и на обскурни стихови како тие на Аца Лукас затоа што негово право е слободното време да си го организира како што сака.

Морална дилема во врска со неговото забавување може да се постави само поради кршење на законот за пушење од страна на негови пријатели во клубот.

Тој можеби нема обврска да пријави друг граѓанин како го крши законот но прекршување на законот во негова непосредна близина поставува дилема дали токму заради неговото присуство на пријателката од неговата група и се дозволува да пуши во затворен објект.

Стиховите на песната на Аца Лукас во оригинал:

Voliš li me kad sam mrtav pijan
voliš li me kad pravi sam grubijan
voliš li me kad okolo se kurvam
i zdravlje zbog mene zauvek izgubiš
Reci mi da me voliš