Крај на драмата во два чина, Дац си заминал сам

Драган Спасов Дац, в.д директорот на Македонскиот народен театар не ја почекал владината одлука за смена.

Денеска си поднесол оставка од функцијата, откако синоќа, во алкохолизирана состојба, со својот автомобил прегази дваесетгодишна девојка во Скопје.

„Директорот на др„Министерството за култура ја известува јавноста дека денес ја прими и ја прифати оставката на в.д директорот на Н.У Македонски народен театар, Драган Спасов – Дац“, соопшти на социјалните мрежи министерот за култура Роберт Алаѓаозовски.

Сообраќајната несреќа се случила синоќа по 21 часот, на улицата Антон Попов кај „Шампионче“, кога со возило БМВ ја повредил 21-годишната  Е.Ц., потврди МВР. Повредената девојка веднаш била префрлена во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде и се констатирани телесни повреди и е пуштена на домашно лекување.