Руското министерство за надворешни работи на прес конференција му одговори на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за неговата изјава по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев.

Портпаролот на руското МНР Марија Захарова на прашање на новинари во врска на забелешката на Столтенберг според кој е неприфатливо мешање на странски земји во Македонската политика, одговори дека не Русија туку западните сили се причина за кризата во земјава.

„Обрнавме внимание на изјавата на Столтенберг. Шефот на НАТО изјави дека секое надворешно мешање во внатрешните политички процеси во Македонија е неприфатливо. Да зборуваме отворено, не чувме досега генералниот секретар на НАТО да ги критикува толку остро Вашингтон, лидерите на ЕУ, Берлин, Тирана или себе си и неговата организација. Затоа што масивното мешање од западот предизвика длабока и долга криза во оваа земја. Ние даваме целосна поддршка на проценката на Столтенберг. Ќе биде добро ако западните земји започнат да ги спорведуваат во практика нивните ставови“, изјавила Захаров во Москва.

Веднаш по посетата на Заев на Брисел и неговите изјави, руската државна интернет агенција „Спутник“ во анализа за македонскиот влез во ЕУ кој се предвидува за 2024 година, земјава ја именуваше како ФИРОМ.

Ова е прв пат наместо уставното име руска официјална институција да ја користи референцата од ОН, што може да биде порака дека Москва би можела да го смени ставот за ова прашање. (читај тука повеќе)