Куновска: И Амди Бајрам член на ИО на СДСМ

Експратеничката на СДСМ и прв човек на градската организација на владеачката партија до пред неколку години со реакција за изборот на Андреј Жерновски од ЛДП и Чедомир Саздовски од ГРОМ во извршниот одбор на партијата.

Таа иронично предлага за член на највисокото тело на СДСМ да биде назначен и Амди Бајрам кој до пред три месеци беше ударна тупаница на опозициската коалиција а сега ги поддржува политиките на владата.

“Ај па Амди за член на Извршен…”, напиша Куновска на Фејсбук.

Шегувајќи се со кадровската политика на својата партија Куновска во друга порака вели:

“На итна конференциска седница на ЦО, Ѕинго и Солза избрани за потпретседатели на СДСМ”.