Македонија ги прекинува рекламите на Би – Би – Си и Си – Ен – ЕН

Грчката организација „Македонска лига“ објави дека новата македонска влада ги прекинала договорите со британскиот радио – телевизиски јавен сервис Би – Би – Си i американската телевизија Си – Ен – Е на кои што одеше реклама за земјата.
„Македонска лига“ објавува дека информацијата ја добила од нивни контакт во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Според информацијата официјално се прекинати емитувањата на спотовите „Македонија  вечна“ (Macedonia Timeless).
Првиот спот од серијалот „Македонија  вечна“ започна да се снима во 2008 година а негов режисер беше Милчо Манчевски кој за негова изработка доби 190 илјади евра. Музиката  е на Кирил Џајковски, како преработка од традиционалната македонска народна песна Учи ме мајко, карај ме. Спотот трае една минута.

Оваа верзија била пуштена на девет јазици и тоа: македонски јазик, англиски јазик, руски јазик, италијански јазик, холандски јазик, германски јазик, француски јазик, шпански јазик и албански јазик. Премиерата на спотот била на 24 декември 2008 година на телевизија CNN.

Вториот беше снимен од Игор Иванов-Изи, по сценарио на Игор Тошевски. Вкупниот буџет на проектот изнесува 200.000€.

Третиот спот од серијата спотови наречени Македонија вечна е режиран од Ѓорче Ставревски.

Четвртиот спот од серијата наречена „Македонија вечна“ е дело на Милчо Манчевски. Спотот насловен „Македонски храмови“ е првиот од овој циклус кој е специјализиран за одреден сегмент на туризмот, во овој случај сакралниот. Инаку, овој спот е промовиран како четврти од циклусот иако е претставен веднаш по првите два кои биле општи, а кои ги режирале Манчевски и Игор Иванов.

 

Спотот е снимен на повеќе локации како Зрзе, Варош, Матка, Велјуса, Велес, Мустафа-пашината џамија и во Градскиот трговски центар.

Охрид -град на светлината е петтиот спот во рамки на серијата а  бил промовиран на 2 јуни 2009 година од страна на маркетинг-агенцијата „Њу момент“. Спотот се прикажува на телевизијата CNN. Во спотот се работи за видеоприказна за која инспирацијата за насловот е старото име на Охрид – Лихнид, т.е. град на светлината. Во шеесет секунди се претставени знаменитости на балканската лулка на културата, уметноста и религијата, цркви и манастири, добрата храна и и бисерите, а сето тоа раскажано низ визуелна игра на светлината и сенките.

Режисер и сценарист на спотот е Душан Дракалски, директор на фотографија е Слободан Трник-Трн, фотограф Ѓорѓи Клинчаров , а продуценти на спотот се Филип Димитров и Горан Саздановски. Спотот е сниман пет дена и ги прикажува препознатливите локации на Охрид – Плаошник, селото Трпејца, Св. Наум, Св. Перивлепта, стариот град и куќата на Робевци. Во креирањето е вклучена 70-члена екипа, а вкупниот буџет е 80.000 евра. Во спотот се појавуваат Мето Јовановски, Каролина Гочева и Николина Кујача.