Помеѓу 600 и 700 милиони евра изнесува размената на Бугарија и Македонија  со тенденција да расте во наредните години. Највисока размена имаше во 2011 година – 711.9 милиони евра, а за Бугарија е значајно дека трговскиот биланс останува позитивен за Бугарија.

Интересен е фактот дека надвор од земјите на ЕУ, Македонија е вториот по големина партнер во кој извезува Бугарија, веднаш по Турција.

Изградбата на Коридорот  8 ќе придонесе да се прошират врските помеѓу Бугарија и Македонија и целиот регион.

Во структурата на бугарскиот извоз за Македонија доминираат стоките со релативно низок степен на преработка и готови јадења.

Најголем дел од извозот отпаѓа на електрична енергија, нафта масла и масла добиени од битуменски минерали…

Во увозот од Македонија во Бугарија најголем е уделот (50 проценти) на олово, бакар и цинк, руди и концентрати  црни метали, метални и пластични цевки, жици и кабли.

Бугарските инвеститори покажуваат поголема активност во Македонија отколку македонските компании во Бугарија. Во последните години вложувањата во Македонија се концентрирани во секторите: банкарска и осигурителна дејност, металургија, прехранбената индустрија, геолошки истражувања, информатичка технологија и телекомуникации, како и во хотелиерството.