Македонија меѓу петте најзагрозени земји во Европа ако снема гас

Ако дојде до нарушување на снабдувањето со гас или до целосен прекин на испораката на овој енергенс во текот на зимата, меѓу тие што ќе имаат најголеми проблеми е и Македонија, покрај Србија, Босна и Херцеговина, Финска и Естонија.

Според најновиот извештај на Европска комисија за отпорноста на европскиот гасен систем во текот на шесте месеци со ниски температури, проблем би имале и поедини европски држави, но тие не би биле толку ранливи како источните земји-членки на Европска унија и на Енергетска заедница.

Анализата покажува дека во овие земји, во случај на целосен прекин на испораката на гас, би им недостигале 80-100 проценти од овој енергент. Исклучок е Србија, каде што домашното производство на гас покрива една четвртина од вкупните потреби, а уште една четвртина би се надоместила од домашното складиште на гас „Банатски Двор“.