Македонија 61. во светот според иновациите

Македонија е на 61. место меѓу 127 земји според глобалниот индекс на иновациите, кој го одредува универзитетот Корнел од Њујорк во соработка со Светска организација за индустриска сопственост (ВИПО).

Во десеттото издание на ова истражување Македонија доби 35,43 поени од можни 100 и се најде на 35. место во Европа.

Од земјите во регионот пред Македонија се Словенија (32.), Бугарија (36.), Унгарија (39.), Хрватска (41.), Романија (42.) и Црна Гора (48.), а зад неа останаа Србија (61.), Босна и Херцеговина (86.) и Албанија (93.).

Најиновативна земја за 2017 година е Швајцарија со 67,69 поени, втора е Шведска, а трета Холандија.

Глобалниот индекс на иновациите е систем на оценување што опфаќа повеќе критериуми: институции (политичка клима, законодавство, бизнис клима), човечки капитал и истражувања, инфраструктура, софистицираност на пазарот, креативен и технолошки аутпут, како и квалитетот на образованието.