Македонскиот „токмак“ Ристо Петревски за македонскиот идентитет (ВИДЕО)

Борачот Ристо Петревски од Торонто преку видео порака се обраќа до сите Македонци во светот да опстојат на одбраната на македонскиот идентитет.

Петревски, кој учествува на кечерски турнири, е една од најпознатите шоу ѕвезди меѓу Македонците во Канада и на североистокот на САД.

Човекот што за себе вели дека е најсилен маж меѓу сите Македонци на светот има прекар „Токмак“ или Mauler на англиски јазик.