Македонските и бугарските владици ги започнале преговорите

Разговорите меѓу БПЦ и МПЦ-ОА за признавањето на автокефалниот статус започнале денеска во синодската палата на Бугарската патријаршија.

Овен Архиепископот во македонската црковна делегација во Софија се и Митрополитите Наум, Тимотеј, епископот Климент, но и Владиката Петар, како шеф на црковната дипломатија. Иако минатата недела Петар тврдеше дека не се согласува со писмото, тој денеска бил во Софија.

Засега нема официјални детали што е договорено на оваа прва средба, по писмото што пред неполн месец го испрати МПЦ.

Бугарските медиуми пренесуваат изјави на Патријархот Неофит и на Архиепископот Стефан.

-Не е лесен крстот што Бугарската црква го презема, затоа што досега ништо не се правеше за решавање на проблемот со македонската Архиепископија. Ајде сега Божјата промисла да не направи мудри учесници во меѓуцрковната комисија, за да се постигне посакуваниот резултат од сите, изјавил бугарскиот Патријарх, пренесува порталот религија.мк.

Ахиепископот Стефан, како што пренесуваат бугарските медиуми се заблагодарил на сите кои ја поддржале иницијативата за признавање на автокефалноста на МПЦ и посочил дека писмото од испратено од Синодот на МПЦ-ОА е едногласно.