Собранието го крши законот во случајот ДИК

Пред нецел месец предложив Собранието да усвои одлука за јавен оглас за комплетирање на ДИК. Македонија денес е единствената држава во Европа без Државна изборна комисија, а самото Собрание со тоа ја прекршува законската обврска која ја има според чл. 26 од Изборниот законик. ДИК е битен орган надлежен за избори, референдум, редовно ажурирање на избирачки список, верификација на нови пратенички мандати, нови избори за градоначалник или Претседател на држава во случај на оставка, недај Боже, смрт и други законски предвидени околности, пишува пратеникот Антонио Милошоски за блокадата на ДИК.

По однос на неговиот предлог владеачките партии (Тунтев од СДСМ, Адеми од ДУИ) се изјасниле дека е законски, коректен и дека ќе го поддржат. Истото го потврдило и раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Но, во меѓувреме спиред Милошоски стигнале нови наредби од извршната власт до владејачкото мнозинство; министер од редовите на СДСМ се јавил кај неколку пратеници и побарал

1. Пратениците да гласаат против одлуката за комплетирање на ДИК или
2. Пратениците од владејачкото мнозинство да ја симнат точката за ДИК од дневен ред или
3. СДСМ и ДУИ да ја поместат точката за ДИК подолу и пред истата да дојде на ред седницата да се прекине и да презакажувањето на истата да се одолговлекува.

Денес предлог одлуката за ДИК е втора точка на дневен ред во 12ч. Според однесувањето на пратениците од власта ќе може да за оцени дали пратениците или Владата го управува и Собранието и кому би му одговарало ДИК да биде некомплетирана и нефункционална, вели пратеникот.

Според екс шефот на дипломатијата објаснувањата дека се преговара со опозицијата за Изборниот законик и ДИК се бледи изговори, бидејќи изборниот законик е широка материја која опфаќа многу прашања, за чие усогласување се потребни неколку месеци. А комплетирањето на ДИК е законска обврска сега и не се коси со било какво усогласување на Законот во иднина.