Секогаш добро упатеното кошаркарско списание “Eurohoops” пишува дека Чикаго Булс ќе го ангажира летово најдобриот европски плејмејкер и дека за него ќе одвои сериозна сума пари. Теодосиќ пред десетина дена ја одби понудата на ЦСКА Москва “тешка” 12 милиони евра за три години, па се очекува таа од ветровитот град да биде повисока. Србинот, пак, подолго самиот најавува дека би било интересно да заигра во НБА лигата.

Милош Теодосиќ во моментов е на подготовки на српската селекција која се подготвува за настап на Европското првенство, па одлуката за заминување преку Атлантикот може да се оддолжи до септември. Чикаго има 6 прстени во НБА и одлично искуство со европски играчи како Тони Кукоч и Никола Миротиќ, но во последната сезона заврши како осми во источната конференција и доживеа елминација во првото коло од плеј офот.