Министерот за правда поитар и побрз од Заев и Ахмети

Министерот за правда Билен Саљили вчера поднесе оставка на функцијата министер. На прес конференција во Владата Саљии соопшти дека дава оставка од министерското место поради „селективна“ правда.

Саљии како причина за оставката го наведе судскиот случај со малиот Алмир од Куманово, предметот Монструм и други случаи од кои била разнишана довербата во судството.

– Во овие моменти чувствувам дека довербата е разнишана поради одлуката јавниот обвинител да го преквалификува обвинението за малиот Алмир. Оваа контраверзна одлука беше оспорена и од четворицата јавни обвинители. Јас како прв човек на Министерството за правда чувствувам потреба да поднесам оставка – рече Саљии.

Сепак според извори во владеачката коалиција оставката на Саљии не е причинета од неселективна правда туку од најавата дека тој ќе биде сменет поради лоши резултати.

Цели девет месеци новата влада не успеа да направи сериозни реформи во правосудството кое го водеше токму Саљии. Досега целосно не е спроведена ниту една од точките наведени во препораките на групата европски експерти передводени од Прибе.

Што за него мисли премиерот Заев говори и фактот што не министерот туку првиот човек на владата го води новото тело за реформи во судството откако првото пропадна.