Монасите во Бигорски го пречекуваат спикерот на Бугарското собрание

Претседателот на Народното собрание на Република Бугарија, Димитар Главчев, денеска и утре престојува во работна посета на Република Македонија во рамки на која се среќава со претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев.

Во рамки на посетата на Македонија Главчев ќе го посети и минастирот Свети Јован Бигорски каде што на монаштвото и на игуменот Партениј ќе им се заблагодари за искажаната поддршка за договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија.

Во обраќање до јавноста монасите и монахињите од братството и сестринството раководено од игуменот Партениј на втори август порачаа дека го поддржуваат договорот со Бугарија.

Обраќањето на монасите беше дочекано со низа реакции во јавноста затоа што досега ниту една верска група или група верници не коментирала прашања од меѓународната политика кои што не се поврзани со религиозни теми.

Димитар Главчев од април е 44 претседател на бугарското народно Собрание како претставник на партијата ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов.