Најчевска за прогласот за името: 200 малоумни, пардон интелектуалци

Јас не сум дел од овие 200 што милуваат да се нарекуваат интелектуалци. Јас сум дел од другите. Оние кои сакаат Македонија да го живее 21 век – вели професорката Мирјана Најчевска, коментирајќи го писмото во кое 200 македонски мислители од сите сфери на животот и образованието, бараат од владата, но и од опозицијата, разум и трезвеност при решавање на спорот за името.

Професорката која е позната по неверојатната бучност во одбрана на она што нејзе и се допаѓа, на својот дрзок начин објаснува зошто не се согласува со писмото, но мора да и се признае дека крајот од нејзиниот статус завршува со едно сосем логично прашање на кое како да не е даден адекавтен одговор;

„Во Уставот не постои забрана за промена на името на државата (како што постои забрана за капитулација), што значи дека за тоа може да се разговара и преговара.

Второ, јас мислам дека дел од активностите на претходната влада направени после донесувањето на пресудата можат да бидат перцепирани како иредентистички.

Трето, во изборите дел од политичките субјекти кои се сега на власт излегоа со тврдење дека ќе го решат спорот со Грција, што значи дека ние граѓаните сме ги овластиле за тоа.

Четврто, никој не преговара за идентитетот на граѓаните како што се тврди во писмото туку за името на државата.

Петто, во изминатите 20 години се водени безброј расправи и мислам дека е веќе се кажано и прекажано и дојде време да го разрешиме проблемот.

Шесто, се умирало за различни работи и со различни нешта на усните, и вера, и цареви и невиност и чесност, за кои денес не се умира. Ама овие што се нарекуваат себеси интелектуалци можеби не знаат дека е 21 век.

Седмо, дали под национално сплотување подразбираат сплотување на граѓаните или на напатениот македонски народ?

Осмо, да наречеш нешто ургентно решавање на спор после 20 години е навистина малоумно, пардон, интелектуално.

Деветто, јас добро ќе ги запаметам имињата на овие потписници како луѓе кои сакаат Македонија да остане шупак на Балканот од кој ќе побегнат сите млади и која пополека ќе одумре затрупана во сопствените фекалии.

И МЕ ИНТЕРЕСИРА ШТО Е ОНА ШТО ГО НУДАТ КАКАО АЛТЕРНАТИВА тие 200 што велат дека се интелектуалци кои се потпишале на писмото?.
Ете ќе ги прекинеме преговорите и?“ – завршува професорката Најчевска. Се надеваме дека во многу блиска иднина ќе добие вистински одговор после кој можеби ќе го преиспита својот став кон оние што се одважиле да размислуваат поинаку од она што политичката елита и меѓународниот фактор го очекуваат.