Владимир Милчин повеќе не верува во премиерот Зоран Заев. Режисерот и поранешен прв човек на соросовата фондација Отворено општество – Македонија, преку статус на „Фејсбук“ објави дека се излажал во проценките дека Заев е во ред, а само тие околу него не чинат.

„Признавам дека верував во Заев. Признавам дека се излажав. Признавам дека сакав да верувам дека Заев е во ред, а дека тие околу него не чинат. Признавам дека веќе не верувам во Заев“, напиша Милчин на неговиот Фејсбук-профил.

Дистанцирањето на Милчин од новата владејачка гарнитура трае веќе извесно време, иако токму Фондацијата која долги години ја раководеше одигра огромна улога во промената на власта и доаѓањето на Заев на чело на државата.