„Ноќните волци“ ја уплашија Босна

Моторџиската мисија „Руски Балкан“ нема да биде откажана, иако босанските власти го забранија влезот на водачот на „Ноќните волци“, Александар Залдостанов, наречен Хирург, и на шефот на српскиот огранок, Саша Савиќ, прогласувајќи ги опасни за безбедноста на Босна и Херцеговина.

Според белградска„Политика“, двајца членови на „Ноќните волци“ пристигнале од Москва во во Белград во понеделникот, придружувани од свештеници на Руската православна црква, а се очекува бројни членови на оваа моторна група од Полска, Словачка, Чешка, Бугарија и Македонија да пристигнат во Белград.

Мотоциклистичката мисија треба да трае до 28 март и предизвика контрадикторни реакции во регионот, пред с’е поради лидерот на оваа моторџиска група Александар Залдостанов.

Тој е добар пријател на рускиот претседател Владимир Путин, а властите во Сараево и американската амбасада во Босна и Херцеговина прогласија  за „фактор на дестабилизација во Босна и Херцеговина и во регионот“, објави Танјуг.

Британски „Гардијан“ неодамна објави напис во кој „Ноќните волци“ ги опиша како „најозлогласена моторџиска банда во Москва“.

Весникот објави дека клубот може да се пофали со илјадници членови во Источна Европа, а исто така има блиски односи со рускиот претседател, поради што ги нарекуваат „Ангелите на Путин“.