„Охи“ од Атина за планот „со ФИРОМ во НАТО“

Грција целосно ги отфрли плановите на новата влада во Скопје која најави дека е можно Македонија да влезе во НАТО со референцата ФИРОМ а преговорите за името да продолжат до конечно решение на спорот.

Планот кој што го спомена премиерот Заев е целосно отфрлен од грчкиот премиер Коѕиас кој вели дека такво сценарио не е прифатливо за неговата земја. Според него Македонија ќе стане дел од НАТО само откако ќе се реши спорот за името.

Ијзвата на Коѕиас се случили вчера  во Кожани а доаѓа на три дена пред средбата со новиот македонски шеф на дипломатијата Никола Димитров.

Коѕиас од Кожани порача дека Грција нема да прифати никаква странска присила за менување на своите црвени линии, сценарио кое што е во оптек на домашно и меѓународно ниво.

„Грција нема против Македонија да влезе во НАТО и да се стабилизира но само ако новата македонската влада прекине со иредентизмот и направи компромис во спорот за името“, изјави Коѕиас во Кожани.

„Во среда доаѓа министерот за надворешни работи на БЈРМ за да дискутираме за тоа како можеме да ги развиеме нашите врски, имаме предлози за дополнителни мерки за градење доверба и да дискутираме за тоа како може да разговараме за спорот за името. Нема да зборуваме за името, туку ќе зборуваме за методот“, изјавил Коѕиас.

Коѕиас има дилема дали новите изјави на македонската влада кон Грција имаат искрен пријателски тон или пак е само обид да се купи време и подобра позиција во преговорите.

Според анкетите огромен број на Грци сеуште не прифаќаат во компромисот за името Македонија да биде дел од евентуално решение што предизвикува притосок за владата на Ципрас кој доколку сега би излегол на предвремени избори би доживеал катастрофален пораз а на власт би дошла „Неа Демократија“ на Киријакос Мицотакис.