Очекувано: Антонио Конте е најдобар тренер во Премиер лигата

Антонио Конте е избран за тренер на годината во Англија со што продолжува доминацијата на италијански тренери во Премиер лигата. Во гласањето на колегите во традиционалната анкета, 47 годишникот роден во Лече, немаше конкуренција за што препорака беа 30-те победи во сезоната, титулата и претстојното финале против Арсенал во ФА купот.

Антонио Конте со оваа почест го наследни сонародникот Клаудио Раниери кој лани во ова време беше избран за тренер на годината во Англија, но потоа на средина од сезоната беше избркан од Лестер.