Проектната документација не одговара на состојбата на теренот, проблеми со нестабилност на косините, сериозна бројка на објекти за дислоцирање, електроенергетски објекти и експропријација. Сето ова се проблеми при изведување на работите на патниот правец Кичево-Охрид рече денеска министерот за Транспорт и врски Ѓорѓи Сугаревски.

На сето ова денеска и протест на 144 работници ангажирани од подизведувач кој не им исплатил плати два месеца.
“Правиме се што е во наша моќ проблемите да бидат остранети, за застојот кој се појави, односно сериозното намалување на интензитетот на работа да биде зголемен. Ова со цел колку толку да можеме да ги запазиме роковите зошто некои веќе се нарушени како тој при изградбата на автопатот Миладиновци – Штип што требаше да биде готов на 1 мај оваа година”, рече Сугарески денеска во Охрид.