„Паѓа“ оградата пред владата

Металните порти кои што досега не дозволуваа влез во дворот на владата се отворени и секој што има желба може да дојде до влезот на владата каде што сепак ќе мора да добие дозвола за влез.

Порталот мкд.мк објавува фотографии на кои се гледа дека од утрово е отворена централната порта пред владата.

Според најавите на порталот ова прашање треба да биде на дневен ред на денешната, прва седница на новата влада на кој треба да се утврди како е градена оградата и на кој начин ќе се демонтира. Засега нема потврда дека оградата ќе биде целосно одстранета.