Американското министерство за одбрана призна дека пет истражувало појави на неидентификувани летечки објекти (НЛО).

„Њујорк тајмс“ пишува дека за тајната програма со која се следеле сигнали за НЛО од 2007 до 2012, годишно биле трошени по 22 милиони долари од буџетот на Пентагон.

Финансирањето на програмата било по барање на поранешниот лидер на Демократската партија во американскиот Сенат, Хари Рид, Демократ од Невада, познат по својот ентузијазам за истражување на овој феномен.

Пентагон отворено ја призна програмата како одговор на истрагата што ја спроведе Ројтерс.

Во врска со сторијата, Рид реагирал преку кусата порака на Твитер: „Вистината е таму некаде. Сериозно“.