Перо Антиќ тргнува по третиот трофеј во Евролигата

Врвна клупска кошарка ќе следиме од истанбул во следните три дена. Фајнал фор турнирот во Евролигата започнува денеска, а ќе заврши в недела. Се ќе се случува во салата Синан Ерден.

Во првото полуфинале денеска играат Реал Мадрид и Фенербахче (17.30) на нашиот Перо Антиќ, а во второто се бранителот на трофејот ЦСКА и Олимпијакос (20.30). По еден ден пауза в недела е борбата за најпрестижниот кошаркарски пехар на стариот континент.