Летото е сеуште пред нас , па затоа за овие топли денови ви предлагаме морска храна наш денешен предлог е печен лосос лесно се приготвива, а е многу вкусен.Наш предлог  е рибата да стои цела ноќ во маринада, па потоа да се пече.

Подготовка :

Лососот се става во тавче, магдоносот зоврива во вода и со таа течност се прелива рибата. Потоа Лососот се прелива со маслиново масло, вино и зачините. Така приготвената риба, се пече во загреана рерна 40 минути, на температура од 160 степени.

Состав :

-25 милилитри Цеден Лимон,
-250 милилитри Суво бело вино,
-малку Сол,
-150 милилитри Маслиново масло,
-малку Магдонос,
-900 грама Лосос,
-300 милилитри Вода,
-малку Црн бибер.