Планот за Македонија е федерација од белгиски тип со ново име?!

Српскиот историчар Александар Раковиќ за „Спутник“ вели дека планот на Западот за Македонија е таа да биде претворена во федерација според моделот на Белгија, која би се викала Централнобалканска Република.

Според него, федерацијата би се состоела од две републики – албанска Илирида на запад и македонска Република Македонија на исток, а престолнината Скопје би била посебен, мешовит дистрикт!

Со реализацијата на овој план, кој циркулирал последниве неколку години, би се отстранило грчкото вето за прием на Македонија во НАТО, а подоцна и во Европска унија, објаснува тој.

„Од многу доверливи луѓе од врвот на македонското општество дознав дека предлогот за Централнобалканска Република, кој беше целосно неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ, сега добива и нова содржина, а таа нова содржина е, всушност, во согласност со новата влада и со поголемата улога што Албанците ќе ја имаат во новите држава и општество“, вели Раковиќ, додавајќи дека партиите на Албанците и СДСМ би го поддржале овој план, но прашање е дали и ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа би значело дека мора да се менува Уставот во Собрание или на референдум. Тоа сега се клучни теми – дали тоа би можело да помине во македонското општество и на кој начин некој воопшто би барал тоа да помине – дали би се гласало во Собрание или на референдум“, дообјаснува вишиот научен соработник во Институт за понова историја на Србија.

„Ако е прифатлива федерализацијата и, да речеме, ако се види дека тоа може да се истурка, тогаш сигурно ќе се оди на промена на името. Ќе се најде некое друго име што ќе им биде прифатливо на Грците, но Грците најавија дека ќе бидат задоволни само со име што нема да ја содржи Македонија како поим во идното име на државата. Ако во името на државата не би имало Македонија, со тоа би се отвориле можности за кревање на ветото“, смета Раковиќ.