Иако на социјалните мрежи гостувањето на Владимир Милчин во емисијата „Само вистина“ предизвика„бура“ од коментари и пораките на некогашниот прв човек на Отворено општество, беа споделувани, лајкувани, поздравени или критикувани, добар дел од медиумите одлучија да не ги презентираат – или барем да ја информираат јавноста и оние кои не го гледаа неговиот изненадувачки жесток настап.

Од кои причини, не е ни важно иако може да се насетат…

Во настап кој според реакциите на социјалните мрежи беше оценет со одобрување и како брутално искрен Милчин „без влакна на јазик“ посочи цел список на забелешки и критики на сметка на владините политики и однесувањена коалицијата на власт во изминативе девет месеци, што впрочем и беше повод за двата неодамнешни постови на Фејсбук во кои тој најпрво го повика премиерот „да си дојде дома“, а деновиве да изјави дека веќе не му верува на Заев.

Запрашан во кој сегмент смета дека владата не покажала ефикасност, Милчин одговори: „Јас не знам во кој сегмент е фикасна. Еве ви го одговорот!“

Во продолжение, Милчин го загатна прашањето и потребата од „проветрување“ на владата;

кадровската политика и неприфатливиот и скандалозен избор на поедини министри;

ја критикуваше комоцијата на владата чие време да го исполни ветеното забрзано истекува;

запраша што е со планот 3-6-9 кој, според него, е исполнет до 1,5;

за дадените предизборни ветување;

укажа на недоличното делување на ДУИ која изнудува со уцени;

за МВРИ и начинот на кој се спраува со инцидентот со полицајката која се самоповреди од „пајакот“;

за „недокваканоста“ на  Законот за употреба на јазиците и за финансиските импликации од негово усвојување;

за тоа дека премиерот „Заев е уценет. Да речеме, од Меркел“ како што кажа;

за грчките уцени и нетранспарентноста на разговорите околу името…

Во секој случај, сериозни пораки кои треба сериозно да се сфатат и третираат.